Фаучи: Преносливоста на Омикрон ќе го преоптовари здравствениот систем

Од:

Омикрон може да предизвика помала стапка на заболување од другите видови коронавирус, но бранот на болеста што го придружува ширењето на новиот вид сè уште се заканува да ги оптовари болниците во САД, изјави Ентони Фаучи, главен лекар за заразни болести во САД.

Во интервју за телевизијата Еј-Би-Си, тој ги наведе британските истражувања, според кои варијантата Омикрон се карактеризира со „помалку хоспитализации, пократок престој во болница и помала потреба од терапија со кислород“.

– Но, не треба да бидеме поспокојни … Ако многу, многу повеќе луѓе се разболат, тоа би можело да ги поништи позитивните ефекти од намалувањето на тежината на болеста, рече Фаучи.

Варијантата Омикрон е доминантна во САД и веќе доведе до остар скок на бројот на заболени. Според Фаучи, просечниот број на случаи минатата недела достигна 150.000 на ден и „веројатно ќе се зголеми многу повеќе по празниците“.

Би можело да ве интересира

Во Америка се појави нова варијанта на омикрон, Германците предупредија за брзото ширење на вирусот

А1он

Фаучи ги повика Американците да се вакцинираат против ковид-19

Во Грција почнува имунизација со вакцини за новите подваријатни на Омикрон

А1он

Во Грција потврден првиот случај на „Кентаур“, нова подваријанта на Омикрон

А1он

ЕМА: Не знаеме какви соеви на Ковид-19 ќе се појават зимава

А1он

Европската Агенција за лекарства одобри две верзии вакцини против Омикрон сојот на коронавирусот

Ана Ололовска