Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи зборуваше за можна средба меѓу репрезентациите на Италија и Португалија во баражот за Светското првенство во 2022 година.
– Сакам да им дадам подарок на моите деца, кои никогаш не ја виделе Италија на Светското првенство. Јас и Кристијано Роналдо се јавивме и се пошегувавме за можна средба во плеј-офот меѓу нашите екипи. Да видиме што ќе се случи на теренот, но Кристијано знае дека ќе добие неколку удари по нозете, изјави Бонучи во интервју за „Раи Спорт“.
Противник на Италија во полуфиналето од мартовскиот плејоф за Мундијалот 2022 е македонската репрезентација, додека Португалците ќе се сретнат со турската селекција.
Победниците ќе се борат за пласман на СП во Катар.