На Англичаните може да им биде забрането да присуствуваат на фудбалски натпревари поради расистички говор на Интернет

Од:

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател предложи закон според кој за расистички навреди на Интернет на лице може да му биде забрането да присуствува на фудбалски натпревари до 10 години.

– Ова лето видовме одличен натпревар кој беше нарушен со расистички говор на Интернет. Овие луѓе се криеја зад нивните тастатури и ги навредуваа играчите на Англија. Фудбалот предолго е извалкан со расизам. Луѓето треба да одговараат за своите постапки на Интернет. Предложените измени во законот ќе воведат забрана за присуство на фудбалски натпревари за прекршителите, рече Пател за „Sky Sports“.

Претходно, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) се пожали на расистички навреди кон англиските фудбалери по финалниот натпревар на Евро 2020 против репрезентацијата на Италија (1:1, 2:3 пенали). По натпреварот, навивачите ги навредуваа Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака, кои промашија пенали.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска