Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е во преговори за спектакуларен трансфер во Барселона. По одличните одбрани на голот на Рајо Ваљекано, раководството на каталонскиот гигант и тренерот Чави Хернандез сакаат да го доведат македонскиот интернацоналец Столе Димитриевски на „Камп Ноу“. Ова не е само бомбастична најава, туку потврдена информација од новинарите на „Ел Чирингито“, најголемото телевизиско спортско шоу во Шпанија.
?EXCLUSIVA de @10JoseAlvarez ?
?"El BARÇA quiere FICHAR a DIMITRIEVSKI en enero"
‼️"Él está ahora en BARCELONA" #ChiringuitoBarcelona pic.twitter.com/FYmLT9DEB4
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) December 24, 2021
Новинарот Хозе Алварез тврди дека Барселона е сериозно заинтересирана за Димитриевски кој блеска во Рајо Ваљекано во првиот дел од сезоната и е голманот со најдобар процент на успешност на одбрани во Ла Лига. Претходно остави одличен впечаток и на Европското првенство во дресот на Македонија.
Барселона го стави и Марк Андре Тер Штеген на трансфер – листа, а доколку овој спектакуларен трансфер се оствари, Столе Димитриевски би застанал на голот на каталонскиот гигант во вториот дел од сезоната. Македонецот има актуелен договор со Рајо Ваљекано до јуни 2024 година.