Во Франција 91.608 новозаразени со Ковид-19, најмногу за 24 часа од почетокот на пандемијата

Од:

Во Франција се регистрирани 91.608 новозаразени со Ковид-19, што е рекорден број за еден ден од почетокот на пандемијата. Според податоците на Агенцијата за јавно здравје, во последните 24 часа низ државата се пријавени 91.608 случаи на зараза со Ковид-19, при што починале 179 лица. Во моментов во болниците се лекуваат 16.060 лица, од кои 3.208 на интензивна нега.

Францускиот министер за здравство Оливие Веран изјави дека во Франција, како и во многу други земји, „бустер“ дозата ќе заштитува од бранот со сојот Омикрон.

Во Велика Британија исто така, се забележани рекордни бројки – 119.789 регистрирани нови случаи, најмногу од почетокот на пандемијата. Претходниот ден беа 106.122. Евидентирани се и 147 нови смртни случаи. Податоците на британските здравствени служби покажуваат дека шансите пациенти заразени со сојот Омикрон да завршат во болница се за 50 до 70 отсто помали во споредба со варијантата Делта.

Би можело да ве интересира

Франција ги олеснува ограничувањата, маската повеќе не е задолжителна насекаде

Речиси 100 приведени на забранетиот протест на „Конвојот на слободата“ во Париз

ВИДЕО: Дел од конвојот демонстранти против вакцинацијата влезе во центарот на Париз, полицијата реагираше со солзавец

Франција воведува потврди за вакцинација, ќе важат во ресторани, кина, возови

Повеќе од половина милион здравствени пропусници денеска престануваат да важат во Франција

Франција се откажа од Мерк, ќе го набавува лекот на Фајзер