Двајца шпански дилери се уапсени бидејќи имале намера да организираат божиќна лотарија, нудејќи корпи кокаин, хашиш, алкохол, но според традицијата и шунка.
При претрес на домови на дилери на дрога на истокот на Шпанија, полицијата пронашла плакат со најава за лотарија со наградата „кошница дрога“. На ѕидот бил закачен и список на оние кои купиле лозови од пет и десет евра.
При полициската акција откриени се 165 насади марихуана, како и одредени количини кокаин и хашиш.
Во Шпанија вообичаено е да се донираат корпи со вино, шунка и слатки пред крајот на годината.