Хрватскиот град Кутина напролет ќе добие нов мост долг 43 метри, кој ќе оди преку Кутинички поток.
Овој проект гласно го најавува и рекламира градоначалникот на Кутина, Златко Бабиќ, чиј кабинет објави и официјално соопштение.
Paralelna stvarnost:
Gradonačelnik Kutine u zatvoru priprema obranu s odvjetnicima
VS
Gradonačelnik Kutine u novinama najavljuje novi most preko potoka pic.twitter.com/91FDFQdrQq— Domagoj Novokmet (@DomagojNovokmet) December 20, 2021
Она што ја зачуди хрватската јавност е тоа што градоначалникот Бабиќ е во Истражниот затвор.
Имено, Бабиќ моментално е во истражен затвор, додека во медиумите се појавуваат неговите изјави и планови за нов мост.
Градоначалникот Бабиќ утрото на 15 декември бил уапсен заедно со уште тројца локални политичари од Кутина за да утврдат што знаат за обвинувањата дека подмитувале одредени советници на градот.
Она што е бизарно е што иако градоначалникот во последните пет дена беше уапсен, осомничен за корупција, испрашуван во Обвинитеството и со одлука на судија ставен во истражен затвор, од текстот на соопштението се гледа дека тој планира и најавува мост додека е во затвор.
Како што забележа водителот Домагој Новокмет, од начинот на кој е претставена ситуацијата се добива впечаток дека веста за мостот доаѓа од паралелна реалност, во која градоначалникот на Кутина не е во затвор.
Така, изјавата што веројатно ја дал Бабиќ пред извесно време медиумите ја пренесуваат како најактуелна, како мудроста за изградбата на мостот да ја смислил градоначалникот во неговата ќелија.