Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри го истакна Јувентус како најголем фаворит за освојување на шампионскиот трофеј претстојната сезона во Италијанското фудбалско првенство.
– Јувентус е со најголеми шанси на крајот да биде прв и да ја одбрани титулата. Се засили со квалитетни фудбалери како Карлоз Тевез, Фернандо Љоренте, изјави Алегри.
Тој потенцира дека во Серија А сезоната 2013/14 ќе биде многу потешка од претходната, поради поради засилувањата и на неколку други екипи, според него вкупно осум ќе конкурираат за највисок пласман.
Тренерот на „росо-нерите“ додаде дека во неговиот клуб е направена помала селекција на играчи во споредба со претходните години.
– Во Милан не ми требаат 30 фудбалери како што беше во минатото. Во моментов имаме 25 и само ако некој ја напушти екипата, дури тогаш ќе донесеме друг, рече Алегри.