Арсовска на средба со претставници на Синдикатот на пожарникарите, прифатено барањето за колективен договор

Од:

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, оствари средба со претставници на Синдикатот на пожарникарите, при што беше прифатено барањето за колективен договор.

„Поради несовесно работење на сегашниот командант на Противпожарната бригада Скопје, Владимир Симоновски и поради тоа што пожарникарите, континуирано се соочуваат со притисоци, проблеми и нереализирање на работничките права кои ги имаат, претседателот на Синдикатот на пожарникарите, Тони Бошковски, генералниот секретар на Независниот синдикат на пожарникарите Боби Вељаноски, како и заменик командантот на Противпожарната бригада Скопје Звонко Томески, организираа средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на која разговараа за отворање на Колективниот договор за обезбедување на основните барања на пожарникарите.

Тие на средбата ги истакнаа нивните барања да бидат осигурени, да бидат заштитени нивните работнички права, исплаќање на К-15, признавање на ноќна работа и соодветна исплата на дополнителни работни часови, за што побараа итно решавање од страна на Градот.

На средбата со градоначалничката Арсовска е договорено дека се прифаќа барањето бодувањето наместо од правилникот за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што ќе бидат заштитени законските права на пожарникарите. Со новиот колективен договор ќе се прошират правата на вработените во градската администрација каде се вклучени и пожарникарите.

Дополнително договорено е и да се исплати тоа што досега им беше ускратено односно да се исплати надомест за работа во ден на неделен одмор и разликата од основата од онаа која досега исплаќана според членот 13 од Законот за пожарникарство.

Овој горлив проблем, кој претходниот градоначалник не успеа да го реши во својот мандат од четири години, Град Скопје го решава уште во првите 82 дена од мандатот на градоначалничката Арсовска“, информираат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арсовска објави видео од британска телевизија : Македонија не смее да стане центар каде се населуваат, живеат и работат мигранти од опасни подрачја како Авганистан

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он