Жителите на Соколарци бараат да се ублажат угорнините на надвозникот преку експресниот пат Штип – Кочани

Од:

Жителите на кочанското село Соколарци, како и другите кои ја користат локалната сообраќајна врска кон Чешиново и општинскиот центар во Облешево, реагираат за изведбата на новиот надвозник преку експресниот пат Штип – Кочани.

Сметаат дека искачувањето и спуштањето од надвозникот е премногу стрмно и небезбедно за учесниците во сообраќајот, а нема ниту соодветна патна сигнализација, поради што очекуваат инвеститорот и изведувачот да ја поправат состојбата.

-Надвозникот наликува на ски-скокалница и воопшто нема да биде сообраќајно безбеден, особено во зимскиот период, ќе биде отежнато поминувањето на возилата. Пред неколку дена автомобил излета од коловозот и заврши во оризовите ниви. Бараме од Јавното претпријатие за државни патишта да интервенира, односно да се прошири коловозот и да се намали косината. Претходно реагиравме и кај надзорниот орган за изградба на експресниот пат, добивме ветување дека нешто ќе се направи, но досега ништо не е преземено, истакна Илчо Златанов, претседател на МЗ Соколарци.

Од Јавното претпријатие за државни патишта информираа дека веќе изградениот надвозник обезбедува врска вон ниво, над експресниот пат А3 Крупиште-Кочани, а двете пристапни рампи се изведени според проектот што е прифатен, ревидиран, бил на јавна расправа и ги поминал сите потребни процедури.

-И едната и другата рампа имаат надолжен наклон од 10 отсто, со што технички го задоволуваат условот за максимален дозволен наклон. Ублажувањето кон Соколарци е ограничено поради теренски услови, односно има мост преку локална рекичка што оневозможува продолжување на рампата. Дополнително насипување е оневозможено и поради постојните канали за наводнување и одводнување, лоцирани на метар до метар и половина од двете страни на постојниот селски пат. Евентуалното насипување ќе заврши со нивно затрупување, се истакнува во писменото известување од Јавното претпријатие за државни патишта.

Жителите на Соколарци остануваат на барањето да се намалат угорнините кон надвозникот, за што од надлежните биле известени дека може да се направи насип од осумдесетина сантиметри, со што би се подобрила сегашната состојба.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Тошковски и Мицкоски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани, велат од СДСМ

Горан Наумовски

13 полицajци осомничени дека не спречиле користење на пиротехника во „Пулс“ која беше фатална за 62 лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Со доказите кои ги обезбеди МВР се докажа кој е виновен за трагедија во Кочани

Три фирми и 34 лица се обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

(ВИДЕО) Костовски: Јанев, Тошковски и Мицкоски се одговорни што нема целосна правда за трагедија во Кочани

Горан Наумовски