Во буџетот за 2022 не се планирани пари за исплата на К-15 за јавниот сектор, вели Бесими

Од:

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека во Предлог-буџетот за 2022 година не се планирани средства за исплата на К-15 во јавниот сектор.

– За 2022 година нема дополнително предвидено пари за исплата на К-15 во јавниот сектор, истакна Бесими, прашан дали има предвидено пари во Предлог-буџетот за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор.

Во неделата, Сојузот на синдикати на Македонија одржа протест, изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законот за прогласување на недела за неработен ден и барајќи зголемување на минималната плата на 18.000 денари и спирално зголемување на сите останати плати. Дел од барањата на синдикатот беа и враќање на правото за регрес на годишен одмор за сите работници во Општиот колективен договор за јавен сектор и пензионирање по неколку основи.

Би можело да ве интересира

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

Околу 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15

Томовска: Мерката за исплата на регресот за годишен одмор е проблем за правниците, нема законски утврден минимален износ

„Гласен Текстилец“ има примено над 2.000 преставки за исплата или неисплата на К-15

Заев: Во новиот буџет има дополнителни 3,73 милиони евра за исплата на К-15 во администрацијата

Жарко Настоски

За едни има, за други нема К-15 во јавниот сектор, ќе се казнува од следната година

Маја Илиевска-Пачемска