Младите во земјите од регионот се соочуваат со исти предизвици и заедничката соработка на ресорните министерства и агенции можат значително да ја подобрат меѓусебната соработка, а со тоа и условите за напредок на младите луѓе
Ова е заклучокот од регионалната конференција посветена на тема како да се задржат младите во фокусот на Западен Балкан, на која викендов во Тирана директорот на Агенцијата за млади и спортНаумлче Мојсоски заедно со ресорните министри за образование, спорт и млади развиваат идеи за креирање политики насочени кон младите
– Младите се нашата иднина и заслужуваат да бидат слушнати и нивниот глас да биде наша насока во кој правец треба да ги креираме политиките кои се однесуваат на нив. Агенција за млади и спорт е вистински и искрен партнер на младинските организации и на секој млад човек и заеднички и во иднина ќе продолжиме да работиме на заедничката цел – да создадеме услови и клима за младите луѓе да ги реализираат своите идеи и да напредуваат“, истакна Мојсоски на регионалната конференција во Тирана.