Православната црква на Кипар ќе ја финансира Грчката банка на островот во обид да биде рекапитализирана, за да не зема помош од државата и од „тројката“ меѓународни кредитори на земјата, изјави кипарскиот архиепископ Хризостом.
Грчката банка, која е најмалата на островот и за која се тврди дека простила кредити на компании, пратеници и претставници на локалните власти во износ од милиони, има потреба од 294 милиони евра.
Архиепископот истакна дека црквата ќе преземе 25 отсто од рекапитализацијата на банката. Средствата ќе бидат дадени за три години.