Драма во Форино, маж физички ги нападнал сопругата и ќерката, полицијата кај него пронашла муниција

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против 59-годишен жител на Форино за кого постои сомнеж дека го сторил кривичното дело „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 2 од Кривичниот законик. Лицето, како што информираат од ОЈО, е обвинето дека на 29.05.2020 година, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на својата сопруга и својата ќерка.

– Најпрвин, по расправија, тој се заканил дека ќе ја убие сопругата, која за да се спаси, заедно со малолетната ќерка, заминала да се скрие кај нивна роднина. Обвинетиот ги следел, по што продолжил со нож да им се заканува на сопругата и на ќерката која се обидела да ја одбрани мајката. Двете успеале да се одбранат од насилникот и го пријавиле во полиција, се вели во соопштението од ОЈО.

Следниот ден, на 30.05.2020 година, полицијата извршила претрес во домот на обвинетиот, каде пронашла бајонет со сечиво од 30 сантиметри, како и неколку куршуми, па против него е поднесен и Обвинителен акт за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Тошковски вели дека во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина

Горан Наумовски

Демонстрација на моќ во Пекинг, Кина покажа ново оружје

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Стејт департментот одобри продажба на оружје на Украина

НАТО: Минатата година Украина доби оружје и воена опрема во вкупна вредност од 50 милијарди долари

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски