При контрола откриени десет неисправни возила за превоз на патници во тетовско

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници на територија на СВР Тетово, биле откриени и казнети 10 технички неисправни возила.

„Полициски службеници на СВР Тетово денеска (10 декември) од 8 до 13 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, во најголем број автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и законски санкционирани 10 технички неисправни возила (ТЕ-5 и ГВ-5). Седум од возилата (ТЕ-5 и ГВ-2) имале неисправни сопирачки, 1 (ГВ) истечена регистрација и 2 (ГВ) неизвршен технички преглед.

Неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани биле и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-4)“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

(ВИДЕО) Германец „леташе“ со 238 км/ч на автопат во Србија

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски