(ВИДЕО) Уапсен е гостиварец кој со „ролс-ројс“ возеше 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово

Од:

МВР информира дека денеска во 12:05 часот, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале патничко моторно возило „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки, кое се движело со брзина од 194 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час.

Возачот Б.М.(44) од Гостивар е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Преземени се соодветни мерки и активности, а против него ќе биде поведена соодветна постапка согласно закон.

Би можело да ве интересира

За шест часа полицајците напишаа 708 казни за брзо возење

А1он

Скопјанка (65) заврши зад решетки – му носеше марихуана на синот затвореник

А1он

Почина 37-годишник во Тетово, ќе му прават обдукција

А1он

Уапсен е гостиварец (60) – со години ја принудуваше својата мајка (80) да питачи на улица

А1он

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он