„Душко Весковски од парите на ЈП Водовод со кое што директорува за кафе и кафеани за девет месеци има потрошено 1.323.419 денари. оваа година речиси 22 илјади евра. За кафе и кафеани само во ресторани Душко Весковски има потрошено 17 илјади евра. Толку пари од ЈП Водовод се потрошени за репрезентација според извештајот кој што беше презентиран пред јавноста на седницата на Советот на Град Скопје“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Нема инвестиции, нема наплата, а Весковски има потрошено 22 илјади евра за кафе и за ресторани за само девет месеци годинава. Во услови на ужасна економска криза, во услови на гаснење на економијата, работници на улица, Весковски троши на кафеани. За спонзорства и донации според извештајот биле дадени 2.308.593 денари или речиси 38 илјади евра, пари од ЈП Водовод.
Споредено со минатата година за овие две ставки, за репрезентација за потрошени речиси пет пати повеќе. Истата слика е и за донации и спонзорства, 450% повеќе.
Почитувани, финансискиот извештај за работењето на Душко Весковски неразумно трошење, недомаќинско работење, превработеност и екстремно трошење на репрезентација, гоштевања и луксузи. И овој извештај не му помина пред советниците на Град Скопје, кои што оценија и дека е потребна ревизија за работењето на компанијата.
Наместо да седи по кафеани, Весковски требало да се загрижи зошто зошто компанијата оди во минус со наплатата која што е речиси половина, само 57%, но и како е можно дури 40% од неплаќачите да се фирми. Наместо да троши на репрезентации, Весковски требало да мисли зошто имало потреба од речиси 50 вработувања во услови кога не може да ја реализира наплатата, што времено, што за постојано.
И тука се поставуваат прашањата за што се трошени пари во овие девет месеци додека Весковски наместо да води грижа за ЈП Водовод, водеше изборна кампањата за градоначалничко место во Карпош. Весковски мора да одговори дали оние 17 илјади евра според извештајот оставени во ресторани и оние 38 илјади евра за спонзорства имаат врска со неговата кампања, додека компанијата тоне во превработеност и нереализирана наплата. Дали онаа бројка од 40% од долговите од фирмите се поврзани со неговата градоначалничка кампања?
Како шлаг на сиот овој финансиски извештај за работата на Весковски во ЈП Водовод годинава, е и зошто Весковски имал потреба за нов модел на мобилен телефон од 1000 евра кој што стои во финансискиот извештај. Дали за фирмата или за градоначалничката кампања на Весковски?
Извештајот е доказ за кадрите на СДСМ и за изборот на Зоран Заев. За Македонија почитувани, нема полошо од СДСМ“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.