Принцот Филип стана крал на Белгија

Од:

Принцот Филип ја положи кралската заклетва пред Парламентот и со тоа стана седмиот монарх на Белгија, откако неговиот 79-годишен татко Алберт абдицираше.

Филип (53) ја положи заклетвата на трите официјални јазици – холандски, француски и германски. Тој вети дека ќе и служи на земјата и ќе ја штити најдобро што може.

Белгискиот крал Алберт Втори претходно своеволно абдицираше во корист на синот, после 20 години на тронот, кој го нашушти од здравствени причини.

На свечената церемонија во кралската палата, Алберт го потпиша актот за абдикација пред публика од околу 250 белгиски функционери и истакната личности и им се заблагодари „за се што постигнале додека тој бил крал“.

На церемонијата немаше странски функционери, ниту претставници од кралските семејства од другите земји, бидејќи Алберт Втори планот за абдикација го објави пред околу три недели, па немаше време да се организира голем меѓународен настан.

Абдикацијата и воведувањето во тронот на новиот владател се одржуваат ист ден кога и прославата по повод белгискиот национален празник Ден на независноста.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски