Гонзало Игуаин ќе игра во Наполи следната сезона, објави весникот “Кориере дело Спорт”.
Според информациите Реал Мадрид ја прифатил понудата на Наполи во износ од 35 милиони евра.
Кандидат за потписот на Гонзало беше и Јувентус, но и таму не се дојде до договор. Наполи веќе прибра 63 милиони евра од продажбата на Единсон Кавани во ПСЖ. Првично од клубот го сакаа за негов заменик бразилскиот напаѓач Леандро Дамиао од Интернационал, но трансферот пропадна.