Интензивна соработка помеѓу институциите и невладиниот сектор за заштита на жртвите од семејно насилство

Од:

На конференција на тема „Жената како жртва на насилство- механизми за заштита и помош од институциите“, организирана денеска од страна на АУЕ – ФОН, учесниците истакнаа дека родово базираното насилство претставува посегање врз слобода и достоинство, една од најраспространетата форма на кршење на човековите права

Родово базираното насилство, односно насилството врз жените претставува посегање врз слобода и достоинство, една од најраспространетата форма на кршење на човековите права. Заштитата на жртвите на семејното насилство, проблем со којшто нашето општество се соочува и за жал има нагорен тренд во последните три децении, треба да се заснова за интензивна, планска и координирана соработка помеѓу институциите и невладиниот сектор. Бројот на осудени лица за семејно насилство е мал, што значи дека потребно е поголемо подигање на свеста за охрабрување на жените, но и на сите членови на семејството да го пријават ваквото девијатно однесување.

Ова е заклучокот од денешната конференција на тема „Жената како жртва на насилство- механизми за заштита и помош од институциите“, која што ја организираше Американскиот Универзитет на Европа – ФОН во рамките на кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“.

„Разбирањето на факторите кои придонесуваат за семејно насилство и факторите кои влијаат на жената да остане во насилна врска е важно за програмата за превенција, како и за изготвување план за третман на жените жртви на семејно насилство. Анализирајќи ги сите карактеристики на жртвата, всушност се поставува основата и за институционално дејствување. Тоа подразбира сеопфатна институционална соработка во насока на приближување на жртвата кон остварување на правдата и оневозможување за нејзино повлекување под страв и закани“, истакнаа во своето излагање Александра Србиновска Дончевски, професор по комуникации и масовни медиуми и Наташа Тодоровска, професор по казнено процесно право на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН.

Според последните податоци, во казнено поправните установи во Република Северна Македонија, казната затвор ја издржуваат вкупно 2045 осудени лица, од кои 26 се осудени лица заради семејно насилство во повеќе облици. Во КПД „Идризово“ казната затвор ја издржуваат и 2 жени кои извршиле кривично дело како резултат на семејното насилство.

Сите осудени лица, па и оние за семејно насилство, поминуваат низ процес на ресоцијализација со цел нивно полесно реинтегрирање, не само во семејството, туку и во општеството. Па така, според Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување на санкции во изминатиот период во КПД Идризово, жените меѓу кои осудени и за насилство, биле вклучени во повеќе активности за ресоцијализација.
„Во соработка со УНДП, организирани се стручни обуки со кои жените се стекнуваат со валидни сертификати за шивачки или фризерки, а дел од нив беа вклучени и во дооформување на основното образование. Овие активности, односно стручното оспособување на жените ќе им овозможи нивно полесно осамостојување и реинтегрирање во општеството по излегување од казнено поправната установа, со што ќе доведе и до намалување на можноста да бидат жртви на семејно насилство“, истакна Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување на санкции говорејќи за третманот на лицата осудени за семејно насилство.

Полицијата најчесто прва доаѓа во контакт со жртвите на семејно насилство и постапува во случаите на семејно насилство. Затоа, според Јулијана Станчова, главен инспектор за семејно насилство во Единица за криминалистички работи при СВР Скопје, од исклучителна важност е да се работи на полето на сензибилизирање на полициските службеници за препознавање на семејното насилство и постапување со жртвите на семејно насилство, како и меѓуресорската соработка и вмрежување на институциите, сè во интерес на жртвите.

Конференцијата „Жената како жртва на насилство – механизми за заштита и помош од институциите“, која што ја организираше Американскиот Универзитет на Европа – ФОН во рамките на кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“ е на иницијатива на Билjaна Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугариjа во Скопје. Ангелова на денешната конференција истакна дека домашното насилство се случува 365 дена во годината и затоа за овој проблем општeството треба да биде гласно. Таа ги охрабрува жртвите на насилство отворено да зборуваат за проблемот со кој што се соочуваат, без страв, срам или осуда од околината. Ангелова на денешната конференција организирана од АУЕ – ФОН, ги повика сите заинтересирани граѓани на 12 декември да се приклучат на Маршот против насилството под мотото „Заедно сме посилни“ и тивко да им дадат поддршка на жените и децата жртви на насилство, којшто ќе се организира во неколку поголеми градови во Македонија.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Психосоцијална помош и поддршка добиле 712 жртви на родово базирано насилство во првите шест месеци од годинава

Предраг Петровиќ

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

(ВИДЕО) Филиповска за канцерот: 50 отсто бев излечена во Истанбул, 50 отсто ме излечија во Македонија

А1он

АУЕ – ФОН и ThriveDx со прва генерација експерти за сајбер безбедност во Македонија

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Професор Емеритус Нано Ружин добитник на наградата Гоце Делчев за 2023 година

Катерина Ѓуровски