Во серија бомбашки напади во Багдад 65 убиени и 190 ранети

Од:

Бран од атентати во ирачката престолнина Багдад ноќеска го однесе животот на најмалку 65 лица, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на најновите податоци на ирачките власти.

Во нападите се повредени најмалку 190 лица.

Серијата од дури 12 атентати со автомобили бомби и експлозивни направи поставени крај патот го потресоа Багдад во текот на ноќта, јавија француските медиуми.

Автомобилите бомби се активирани главно во шиитските квартови.

Ова е најкрвав координиран напад во Ирак од почетокот на јули, во кој билансот на жртвите веќе изнесува 500 загинати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Запалена шведската амбасада во Багдад

Катерина Ѓуровски

Поддржувачите на ал Садр се повлекуваат од Зелената зона во Багдад

А1он

Приврзаници на ал Садр упаднаа во владината палата во Багдад

А1он

Експлозија во Багдад, цел бил австралиски дипломат

А1он

ВИДЕО: Две ракети паднаа во близина на американската амбасада во Багдад

А1он

Две ракети ја погодија зелената зона во Багдад, во близина на Американската амбасада