ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски повторно си го погазува зборот

Од:

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој побара од МВР да дадат одговор за новодојдените фантомски гласачи во Скопје.

„Дамјан Манчевски во очигледна безидејност одржа прес-конференција на која лично тој по којзнае кој пат си го погази својот збор. Токму тој, како преставник на СДСМ во Државната изборна комисија беше вклучен во прочистувањето и прегледувањето на Избирачкиот список и самиот на јавноста и потврди дека списокот е прочистен и дека со него може да се оди на избори. Манчевски на седницата на ДИК истакна дека прочистувањето на избирачкиот список се одвиваше согласно барањата на СДСМ и дека немаат дополнителни забелешки и избирачкиот список е подготвен за локалните избори“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина