Голманот на Ливерпул, Шпанецот Пепе Реина, претстојната сезона ќе настапува во дресот на Наполи.
Англиските медиуми јавуваат дека „црвените“ се согласиле на заем на една сезона на 30-годишниот голман кој повторно ќе соработува со Рафаел Бенитез.
Во прилог на ваквото сценарио оди и фактот што англискиот клуб претходно плати 9 милиони фунти за голманот на Сандерленд, Симон Мињоле кој очигледно веќе е прв избор во плановите на менаџерот Брендан Роџерс.