Се очекува до крајот на неделата да се обезбеди усогласување за влегување на Алтернатива во Владата

Од:

Од Владата велат дека на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт.

„Разговорите продолжуваат водени од аспирациите за европската агенда на државата и од потребата за испраќање јасни пораки кон граѓаните и кон ЕУ за посветеноста во европеизирањето на Северна Македонија, за унапредувањето на економскиот стандард и квалитетот на живот на граѓаните.

Се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка Влада која ќе се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза и која без заддршка ќе ги остварува зацртаните стратешки цели на Република Северна Македонија“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан

Горан Наумовски

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Гаши утре во Софија на билатерална средба со претседателката на бугарскиот Парламент Доцова: Нашите ставови за уставните измени се познати