Уште неколку часа пријавување на јавниот повик за субвенции за чистење оџаци

Од:

Градот Скопје ги известува граѓаните дека денеска (30.11.2021 година), на полноќ, се затвора Јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата и други субјекти на подрачјето на Град Скопје за надоместување на дел од трошоците за чистење оџаци за 2021 година.

Со тоа, од 01.12.2021 година електронски поднесените барања за субвенционирање на граѓаните и други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2021 година нема да се прифатат и да се разгледуваат од Комисијата.

За потсетување, на овој јавен повик може да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште, е на подрачјето на Град Скопје (општините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај). Финансиските средства за надоместување на дел од трошоците направени за чистењето оџаци се во нето износ најмногу до 1.200 денари по домаќинство, односно по правен субјект. Притоа, персоналниот данок на доход е на товар на Град Скопје.

Пополнување на апликацијата за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците за чистење оџаци со личните податоци/податоци за правното лице е електронски достапно преку www.skopje.gov.mk, aplikacii.skopjelab.mk или директно на линкот https://aplikacii.skopjelab.mk/odzaci/.

Би можело да ве интересира

По 3.300 евра субвенции за граѓаните на Скопје кои ќе набават возила на хибриден или електричен погон, предлага Арсовска

A1on

Колариќ: Имаме сомнение дека парите за субвенции за инвертер клими се злоупотребени

Колариќ: Субвенционирањето на клима уреди од Град Скопје е измама

Катерина Ѓуровски

Град Скопје со два милиони денари ќе го субвенционира чистењето оџаци

Град Скопје доделува субвенции за чистење на оџаците

Милион евра субвенции за поддршка на граѓаните за економично и еколошко греење