Град Скопје доделува субвенции за чистење на оџаците

Од:

Продолжува акцијата за доделување субвенции за чистење на оџаците со цел намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. И годинава Град Скопје објави јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на град Скопје за чистење оџаци.

Со овој повик Град Скопје надоместува дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците во износ од 1.000 денари, а на јавниот повик може да учествуваат физички и правни лица, чие живеалиште, односно седиште, е на подрачјето на град Скопје.

Јавниот повик трае заклучно со 30 ноември и ќе биде реализиран по принципот прв дојден, прв услужен, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со буџетот на Град Скопје за годинава.

Целта на овој проект е намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ 10 и ПМ 2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред сè, поради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците. Мерката има цел да постигне краткорочни и некои подолгорочни ефекти, како што се постигнување подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, појава на саѓи и трошоци за затоплување, како и подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците.

За потсетување, Град Скопје оваа мерка ја реализира и во 2018 година кога беа доделени 269 субвенции.

Би можело да ве интересира

По 3.300 евра субвенции за граѓаните на Скопје кои ќе набават возила на хибриден или електричен погон, предлага Арсовска

Орце Костов

Уште неколку часа пријавување на јавниот повик за субвенции за чистење оџаци

А1он

Колариќ: Имаме сомнение дека парите за субвенции за инвертер клими се злоупотребени

Колариќ: Субвенционирањето на клима уреди од Град Скопје е измама

Катерина Ѓуровски

Град Скопје со два милиони денари ќе го субвенционира чистењето оџаци

Милион евра субвенции за поддршка на граѓаните за економично и еколошко греење