ЕИБ: Позитивни движења во банкарското кредитирање

Од:

Во Централна, Источна и Југоисточна Европа побарувачката за кредити е зголемена и пристапот до кредити е олеснет, но подобрувањата првенствено се однесуваат на физички лица, а не на стопанството, покажува новата студија на Европската инвестициска банка. Истражувањето укажува на позитивни трендови во банкарското кредитирање во Централна, Источна и Југоисточна Европа Во последните шест месеци состојбата кај проблематичните кредити е подобрена, но не се очекува ваквото подобрување да продолжи и во наредните шест месеци, што укажува на одредена неизвесност.

ЕИБ го објави своето истражување за банкарството на Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ), кое укажува на оптимистички очекувања за банкарскиот систем во регионот на ЦИЈИЕ, иако со одредена неизвесност што полека исчезнува и одредени ризици од негативни движења. И покрај силното влијание на пандемијата, побарувачката за кредити закрепна, а на страната на понудата на финансирањето полека се забележуваат поблаги услови. Побарувачката на населението за кредити е голема, а заживува во сегментот на фиксни инвестиции на компаниите.

Условите за кредитирање стануваат поблаги, но најмногу за физички лица, а не за бизнисите, каде што условите се уште се тешки, особено за помалите бизниси.

„Истражувањето покажува дека меѓународната и националната поддршка биле клучна за континуитетот на банкарските групи во регионот на ЦИЈИЕ, по првичниот остар прекин поради шокот од Ковид-19 во 2020 година“, рече главниот економист на ЕИБ Дебора Револтела.

Од банкарските групи кои работат во регионот на ЦИЈИЕ, 40 отсто имаат намера да го прошират својот бизнис.

Би можело да ве интересира

ЕИБ ѝ додели на Србија заем од 200 милиони евра за да ги ублажи последиците од кризата

Жарко Настоски

ВИДЕО: Поддршка од 100 милиони евра од ЕИБ за македонските мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Алесандро Брагонѕи е нов шеф на претставништвото за Западен Балкан на Европската инвестициска банка

ЕИБ од 2022 година ќе престане да финансира производство на енергија со гас и нафта

Жарко Настоски

Заев – Павлова: Силна поддршка во европската агенда, на стратешките регионални и домашни проекти

Ана Ололовска

ЕИБ планира еден билион евра „зелени“ инвестиции

Жарко Настоски