Екипата на Јувентус минатата сезона заработила 65 милиони евра од настапите во Лигата на шампионите, а тоа ги става на првото место, пред актуелниот првак на Европа, Баерн Минхен.
Јувентус пријави заработувачка од 65,3 милиони евра, иако беа елиминирани во четврт финалето од Баерн, додека пак баварскиот клуб заработи 55 милиони евра и е на второто место.
Трет е уште еден германски клуб, Борусија Дортмунд со заработка од 54 милиони евра.
Најголемиот дел од парите Јуве ги заработи од ТВ правата, а остатокот е награда од УЕФА.
Според заработувачката четврт тим е Милан со 51,4 милиони евра а петорката ја заокружува Реал Мадрид со заработка од 48,4 милиони евра.