Излезе петтиот број од книжевното списание „Книжевни елементи“

Од:

Излезе петтиот број од книжевното списание „Книжевни елементи“. На повеќе од двесте страници застапени се повеќе од педесет писателски имиња од земјата и од странство, соопшти Здружението за развој на уметноста и мултикултуралноста „Перун артист“.

Еден од куриозитетите се песните на Њжен Јонеско кои од романски ги преведе Ермис Лафазановски, како и изборот песни од индоамериканскиот поет Срикант Реди овогодишна номинација за престижната светска поетска награда Грифин.

Интегрално овој број ја донесува и пиесата на Јетон Незирај „Балкан Бордел“ која неодамна ја имаше својата премиера во копродукција на Театарот Ода од Косово, Атеље 212“ од Белград и легендарниот „Ла Мама“ од Њујорк. Земја во фокусот на овој број е Албанија со познати писателски имиња од таа земја.

Би можело да ве интересира

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

МОН за доцнењето од три месеци: Авторите немаа интерес да достават предлог учебници

A1on

Десет книги за античката филозофија од академик Витомир Митевски

Во сите книжарници „Литература.мк“ се слават денови на литературата, овој пат со попусти до 70 отсто

Жарко Настоски

Објавена книгата „Хотел со големо Л“ од Шурд Кајпер

А1он

Книготека.мк: Преземете бесплатна книга од домашен или странски автор по ваш избор

А1он