ВИДЕО: Катастрофално невреме во Истанбул, летаат покриви од згради и фасади, има и мртви

Од:

Катастрофално невреме попладнево го погоди Истанбул и други делови на Турција, при што загина најмалку едно лице, а нанесена е голема материјална штета на градот со 15 милиони жители.

Според турските медиуми, една жена е убиена во квартот Есенјурт во Истанбул, каде од силни удари бил откорнат дел од покривот кој паднал врз неа и врз нејзиното дете, јавува државната агенција Анадолија. Детето преживеало, но се здобило со тешки повреди.

На друго место во градот, ветрот сруши саат-кула, откорна дрвја и преврти најмалку три камиони. Најмалку осум лица се повредени.

Босфорот, тесен воден пат што го дели градот, е затворен за поморски сообраќај, а фериботите се откажани.

Најмалку шест летови на „Туркиш ерлајнс“ што требаше да слетаат во Истанбул се пренасочени кон Анкара и Измир, изјави портпаролот на авиокомпанијата.

Силните ветрови, исто така, ги принудија властите да ги откажат фериботите меѓу крајбрежните одморалишта Бодрум и Датка.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица