Маж и неговата сопруга, кои беа повредени во автобуската несреќа во Бугарија, денеска се отпуштени од Итната болница Пирогов во Софија.
Досега пет македонски државјани се отпуштени од болницата Пирогов. На лекување остануваат уште двајца.
Во автобуската несреќа во Бугарија што се случи на автопатот Струма на 23 ноември загинаа 45 лица, а седуммина кои беа повредени, беа хоспитализирани во софиската болница.