Двајцата пациенти од автобуската несреќа во Бугарија кои се хоспитализирани на Клиниката на пластична хирургија денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување, а уште тројца од повредените во текот на денот ќе бидат транспортирани од Софија во Скопје.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека еден од тројцата пациенти што треба да пристигнат е веќе тргнат, а останатите двајца ќе бидат транспортирани во попладневните часови и се очекува да стигнат вечерва.
– Веројатно тројцата иницијално ќе бидат задржани повторно на Клиниката за пластична хирургија. Добро се чувствуваат сите кои се таму, вклучувајќи ги и овие тројца. Добро се чувсвутвува и оперираниопт пациент. Тој веќе е вертикализиран и почнува да оди, изјави Филипче.
Во автобуската несреќа што се случи на автопатот „Струма“ загинаа 45 македонски државјани, а седуммина беа повредени и хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија.