Изведени материјални докази во предметот ,,Шпански скали”

Од:

Материјални докази против обвинетите во предметот „Шпански скали” врз кои Обвинителството го темели обвинението, а се однесуваат на злоупотребата на службената должност за договори за продавање на државно земјиште во центарот на Скопје, беа изнесени на денешното рочиштето за предметот во кој се обвинети поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и неколку службеници од ова министерство.

Обвинителката Ивана Трајчева, на денешната расправа изнесе докази меѓу кои се најдоа мислења, барања, потврди, договори, известувања и предмети на кои стојат потписите на обвинетите кои се товарат за злоупотреба на службената должност.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска – Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата е обвинето за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата.

При спроведувањето на истражната постапка е утврдено дека првоообвинетиот заедно со петмина административни службеници, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште и не иницирале постапка за раскинување на Договорите за оттуѓување на градежно земјиште и враќање на градежното земјиште во сопственост на државата, ниту наплатиле договорна казна со што овозможиле купувачите да се стекнат со противправна имотна корист. Ова, според обвинението, ја чинело државата 2,6 милиони евра.

Судењето за овој предмет го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, додека застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчева.

Би можело да ве интересира

Одложено судењето за „Шпански скали“

Горан Наумовски

Јанчева: Заради „Шпански скали“ од проектот Скопје 2014 се бара отштета од 130 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: Ризикот за плаќање на милионски отштети кон странски фирми во арбитражни постапки е заради неспособноста и криминогеноста на СДС

Одложено судењето за „Шпански скали“, следното рочиште во јануари

Ана Ололовска

Судијката Јанчулевска Михаиловска ќе го води судењето за „Шпански Скали”

Општина Центар ја активираше банкарската гаранција за изградбата на „Шпански скали“