Седница на Централниот одбор на СДСМ: Заев не се откажува од оставката

Од:

Централниот одбор на СДСМ веќе три часа заседава во седиштето на партијата, а членовите на највисокиот партиски орган, како што потврдуваат оттаму дискутираат за оставката на лидерот Зоран Заев и за евентуалниот негов наследник.

Од СДСМ потврдуваат дека Заев не се откажува од најавената оставка и оти на седницата зборувал за квалитетите на неговиот наследник.

Дел од медиумите вечерва објавија дека премиерот и лидер на СДСМ вечерва на седницата за свој наследник директно го предложил заменик министерот за економија Димитар Ковачевски.

Претходно СДСМ одржа и седница на Извршниот одбор од која, според информациите, произлегол предлогот внатрепартиските избори да се одржат на 12 декември.

Дискусијата на ЦО, велат за МИА извори од владејачката партија, е во тек. По седницата се очекува изјава или прес-конференција на која би се соопштиле детали од неа или евентуалните следни чекори.

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран заев најави оставка на двете функции на 31 октомври по поразот на партијата на локалните избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?