Вториот возач на автобусот во моментов на несреќата спиел во кабината за одмор открива за бугарската национална телевизија неговиот син.
Кадрим Мемеди е името на вториот возач, а неговиот син Бесар ексклузивно за БНТ изјави дека телото на неговиот татко било пронајдено во кабината за спиење. Не возел, но ова засега не е потврдено.
Синот бил во Бугарија за да го препознае телото и се вратил дома.
Неговиот татко имал 54 години, со над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите. Автобусот бил технички исправен, вели неговиот син.
Бесар тврди дека „Беса Транс“ има сервис и во Турција. Неговиот татко заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција.
Кадрим во петокот оттаму му се јавил на синот. Тој во автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту со гориво раскажува Бесар.
Автобусите беа стари 3 години и технички исправни вели Бесар.
Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар, кој не е на списокот за патници на „Беса транс“ има еден – Шади Науф ал Салех.