Во близина на граничниот премин Богородица пронајдени пет мигранти од Сирија

Од:

Во раните утрински часови, денеска на паркинг во близина на граничниот премин „Богородица“ од страна на полициски службеници биле пронајдени пет мигранти од Сирија, на возраст од 20 до 30 години, соопштија од СВР Струмица.

-Утрово во 5:00 часот, службеници од Полициската станица во Гевгелија, во приколка од товарно возило со српски регистарски ознаки, кое било пронајдено на паркинг на бензинска пумпа во влизина на ГП Богородица, пронашле пет мигранти од Сирија, на возраст од 20 до 30 години. Мигрантите се предадени во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, се вели во соопштението од СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Штрајкот направи хаос на границите, километарки колони на Евзони

Катерина Ѓуровски

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

На Богородица и на Дојран се чека за излез кон Грција

Полициските службеници им го „расчистуваа“ патот на шверцерите на луѓе

АМСМ: На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања

На „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” за влез во државава се чека половина час

Катерина Ѓуровски