Шаќири: Бев разрешена оти казнив вработен кој без образложение не доаѓаше на работа

Од:

Досегашната в.д. директорка на НУ Театар Комедија, Нора Шаќири Марковиќ, се огласи на својот Фејсбук профил, а откако денеска беше разрешена од директорската позиција во театарот со кој раководеше 10 месеци.

Таа вели дека како директор повела дисциплинска постапка против вработен кој без никакво образложение, без слободни денови, по завршувањето на колективниот одмор заминал на патување и истото го поткрепил со фотографии и за истото се изјаснил пред комисијата која го донела решението за дисциплинска казна дека е виновен и ја прифатил казната.

„По анонимна пријава за мобинг пратена до Заменик претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси министерот Љупчо Николовски во театарот дојде вонреден инспекциски надзор односно Државниот инспекторат за труд кој донесе записник во кој се наведува дека инспекторот за труд не може да донесе инспекциска мерка врз основа на член 22 и 23 од Закон за спречување на корупција и судир на интереси и предметот ќе биде испратен до ДКСК како надлежен орган. Во однос на ова сакам да ве известам дека до овој момент од ДКСК ништо не е пристигнато, па по тој основ решението за мое разрешување е неосновано и дека во институцијата не е стигната никаква пријава за вршење на мобинг од мене кон вработен“, пишува Шакири.

Таа тврди дека работела согласно закон и дека ја имам безрезервната поддршка од сите колеги.

„Се изборив театарот да се врати во полн сјај без долгови, со три нови претстави, со прекрасен репертоар и неколку фестивали од кои два во продукција на театарот. Намерата е јасна, делата зборуваат за сите нас. Горда сум на се досега направено. Судете сами дали недоаѓањето на работно место е казниво за раководното лице или за лицето кое не се појавува на работното место без образложение. Благодарам на сите мои колеги за поддршката и вербата во мене, за заедништвото да го вратиме Театар Комедија во полн сјај“, вели Шакири.

Би можело да ве интересира

Две претстави и многу смеа: Почна фестивалот „Гола месечина“ во општина Аеродром

Ана Ололовска

Разрешената директорка на Театар Комедија: Имав притисоци од министерката Стефоска да дадам оставка

Стефоска пред заминување ја разреши директорката на Театар комедија, по месец дена откако ја назначи

Кристијан Ландов

Стефоска ги информирала вработените во Театар комедија дека е објавен оглас за нов директор

А1он

(ВИДЕО) Бунт на вработените во „Театар Комедија“: Доколку Нора Шаќири не е соодветен кадар, Дарко Спасов да биде в.д. директор

Ландов

Нора Шаќири разрешена од директорската функција во „Театар комедија“

Кристијан Ландов