Бензема осуден на една година затвор условно за уцена на Валбуена

Од:

Судот во Версај го прогласи напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема за виновен за уценување на поранешниот фудбалер Матје Валбуена, пишува „Л’Екип“.

Бензема е прогласен за виновен за соучество во обид за уцена и осуден на една година условна затворска казна и парична казна од 75.000 евра. Максималната казна која можеше да ја добие фудбалерот е пет години затвор.

За виновни се прогласени и четворица други обвинети.

За потсетување, 33-годишниот Французин беше обвинет во 2015 година дека дејствувал како посредник, поттикнувајќи го Валбуена да им плати на уценувачите да не објавуваат интимно видео за него.

Двајцата играчи добија забрана за настап во француската репрезентација поради ситуацијата со уцена, но Бензема годинава се врати во националниот тим на „триколорите“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Карим Бензема е најдобриот фудбалер на светот

Бензема: Заминувањето на Роналдо ме исфрли во прв план

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски