Автопатот „Струма“ отворен за сообраќај, ќе се прави увид за состојбата на делницата

Од:

Автопатот „Струма“ во правец кон Софија повторно е отворен за сообераќај. Коловозната лента во реонот каде се случи несреќата на автобусот со македенски патници, кон Благоевград – Кулата останува затворена. Сообраќајот во оваа насока се одвива преку обиколна траса: патна клучка Даскалово – Перник – Радомир – Долна Дикања.

Автобусот, кој што вчера изутрината изгоре при што загинаа 45 патници, а седум беа повредени, беше отстранет доцна синоќа и транспортиран кон Перник.

Според најавите, работна група на регионалното министерство треба да почне истрага. Формиран е тим со претставници на Агенцијата за патна инфраструктура и од Дирекцијата за национална контрола во градежништвото, кој во рок од пет дена треба да изврши увид и проверка на тротоарот, патната сигнализација, рестриктивните системи и хоризонталното обележување. Врз основа на наодите од увидот и проверките треба да презентира извештај за состојбата на делницата, како и да процени какви мерки ќе се преземат за нејзино обновување.

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021