Рамос пред деби во дресот на ПСЖ

Од:

Шест месеци по трансферот од Реал Мадрид во ПСЖ, Серхио Рамос би можел да го одигра првиот натпревар за својот нов клуб, откако 35-годишниот дефанзивец се најде на списокот играчи за дуелот против Манчестер сити во Лигата на шампиони.

Поради повреда на потколеницата Рамос пропушти голем дел од минатата сезона, а во летниот преоден рок, по 16 години минатите во Реал, без обесштетување, го засили ПСЖ. Поради повредата, шпанскиот фудбалер досега не одигра ниту еден натпревар за својот нов клуб.

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, го запиша името на Рамос на списокот фудбалери за утрешното гостување во Манчестер, откако дефанзивецот без проблеми ги одработи тренинзите во изминатите три недели.

Би можело да ве интересира

Серхио Рамос по 18 години се враќа во Севиља

ПСЖ го промовираше Серхио Рамос

Рамос има понуди од ПСЖ, Јунајтед и Сити

Ана Ололовска

Рамос за првпат во кариерата ќе го пропушти Ел класико во Ла Лига

ПСЖ му нуди тригодишен договор на Рамос

Жарко Настоски

Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на Рамос до летото 2023 година

А1он