Искажувам најискрено сочувство до блиските на загинатите во несреќата на автопатот „Струма“ и во домот за стари лица во селото Ројак во североисточна Бугарија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев.
-Заедно сме со нашите браќа од Република Северна Македонија, заедно тагуваме со нив за трагедијата. Бугарската држава прави се што е неопходно за лекување и за откривање на причините за тие два тешки инциденти, изјави бугарскиот претседател Радев.
Тој изрази надеж дека повредените во несреќата ќе закрепнат што е можно побрзо. Според Радев, има многу дејствија за идентификација на загинатите, по нивното пренесување.