Гостиварското обвинителство поднесе обвинителен предлог за насилство

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело „насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар.

– Тројцата обвинети, двајца мажи и една жена, на 3 јуни во група извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на друг. Оштетениот се упатил во канцеларија на нотар во Гостивар за да направи договор за купопродажба на возило. Го забележала обвинетата, која била во соседната адвокатска канцеларија на првообвинетиот и застанала пред вратата на нотарската канцеларија, па го почекала да излезе. Кога излегол, го фатила за рака и му рекла да влезе во канцеларијата на првообвинетиот. Оштетениот одбил, па сите тројца започнале на сила да го влечат и да го удираат, со боксови, шипки и други предмети, велат од ОЈО Гостивар.

Настанот како што информираат од обвинителство предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и кај други присутни.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он