Уште 23 македонски фирми се регистрирани на адресата во Ќустендил, каде што е регистрирана фирмата „Беса-Транс“ сопственик на македонскиот автобус што се запали на автопатот „Струма“ а загинаа 45 луѓе од Македонија, покажа увидот на бугарската бТВ во трговскиот регистар на фирми.
Новинарската екипа на bTV отишла на наведената адреса, но прозлегло дека во станот живее болна постара жена.
Таа изјавила дека нејзиниот син работел за компанијата пред повеќе од 10 години. Од тогаш, тој повеќе немал допирна точка со фирмата.
Во меѓувреме, канцеларијата на Беса-Транс во Скопје беше обезбедувана од полиција, а роднините на патниците во автобусот бараа одговори од надлежните, чекајќи пред затвореното претставништво.
Во меѓувреме, обвинителката Вилма Русковска, која е во Бугарија, изјави дека претставникот на превозната компанија е на местото на несреќата и изјавил дека за време на нивната 20-годишна работа, никогаш не се случил инцидент со нивните автобуси.
Македонските истражни органи ќе ја достават сета документација за возилата до бугарските колеги.