Бугарскиот патријархот Неофит изрази сочувство за настраданите во автобуската несреќа

Од:

Бугарскиот патријарх Неофит изрази сочувство за настраданите во несреќата на македонскиот автобус на автопатот „Струма“ во Бугарија.

– Загинаа наши браќа и сестри, меѓу кои и деца, а седум лица се повредени. Инцидентот однесе многу животи, а на семејствата им донесе неутешна тага. Во овие тешки моменти се сеќаваме на вистината за краткотрајноста на човечкиот живот, дека смртта доаѓа во миг и зема се… Во неделата во која се молиме за загинатите во сообраќајни несреќи, оваа најнова трагедија јасно ни покажува дека несреќите по патиштата се резултат на многу фактори. Со татковска грижа им се обраќаме на сите кои возат да бидат разумни и одговорни на патиштата. Искрено се молиме на нашиот небесен Отец да ги упокои душите на загинатите во тешката несреќа! Бог да ги прости и да ги упокои таму каде што почиваат праведниците! Изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Господ секогаш да им дава утеха!“, се наведува во пораката со сочувство на патријархот Неофит.

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021