Владата на денешната редовна 120-та седница, што започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија и во знак на сочувство со нивните семејства, донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.
За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 до 25 ноември (вторник, среда и четврток).
За време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата во странство, ќе биде истакнато на половина копје.
– Се одложуват сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост, соопштина владината прес-служба.