ВИДЕО: Роднини на патниците во автобусот тврдат дека немаат никакви информации ниту од МНР, ниту од Амбасадата

Од:

Беким Алити, сопруг на една од патничките во автобусот што имаше сообраќајна несреќа во Бугарија, вели дека се уште нема никакви информации ниту од Министерството за надворешни работи, ниту од Амбасадата дали неговата сопруга е жива.

Тој додава дека го видел списокот со имињата на патниците во автобусот, што го објавија некои медиуми меѓутоа како што рече, не знае кои се живи, а кои не.

„Малку информации имаме. Тие биле во автобусот. Телефонот ѕвонеше трипати околу седум часот, кај една од нашите жени. Од тогаш, немаме никаква информација. Две сестри од фамилијата беа во автобусот“, велат роднини на патниците.

„Јас со жена ми, вчера пишувавме, па немам никаков контакт. Го прашав шоферот кога ќе стигнат во Македонија за да излезам да ги пречекам. Почнав да бидам загрижен. Едната беше достапна на телефонот, другата жена не беше. Но, и жената која беше достапна не одговараше. И што се случило, не знаеме“, рече роднина.

„Нема транспарентност. Душата ја дава Господ и ја зема Господ. Ние не сме против тоа. Не е работата само да се профитира. Некој треба да излезе овде и да даде информации. Но овде, вака функционира“, додава еден од роднините на патниците.

„Јас се јавив во болницата во Бугарија, но тие не ни дадоа никаква вест. Седум души се во бугарската болница, но не даваат информации“.

„Ние информациите ги добивме од пријатели. Амбасадата не потврдува ништо. Другари и пријатели ни дадоа информации. Ни кажаа дека биле во автобусот, но за натаму, не знаеме ништо. Ни потврдија дека нашите жени биле во автобусот. Но, го промениле автобусот. Кога отишле за Турција биле во еден автобус, потоа, се префрлиле во друг автобус“, изјавуваат роднините.

Автобусот со македонска регистрација влегол во Бугарија од Турција преку граничниот премин „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 2 часот по македонско време на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград.

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021