Неколкумина полицајци го обезбедуваат седиштето на туристичката агенција „Беса Транс“ што се наоѓа во близина на Старата чаршија во Скопје.
Пред агенцијата се собраа граѓани, роднини на дел од патниците кои се превезувале во некои од останатите автобуси на „Беса транс“, чекајќи подетални информации за нивната состојба.
Дел од нив велат дека не можат телефонски да ги добијат нивните роднини.
Агенцијата моментално е заклучена и се чека на дел од менаџментот да пристигне на работа.