Фајзер: Нашата вакцина дава силен имунолошки одговор кај децата на возраст од 12 до 15 години

Од:

Американската фармацевтска компанија Фајзер денеска објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 давала силен имунолошки одговор против болеста за време на истражувањето кај деца на возраст од 12 до 15 години.

Британските медиуми пренесувајќи го ставот на компанијата наведуваат дека две дози од вакцината на Фајзер се 100 отсто ефикасни против Ковид-19, врз основа на мерењата направени четири месеци по примањето на втората доза.

Фајзер планира, по анализата на долгорочните податоци, да аплицира за целосно одобрување на вакцината за оваа возрасна група во САД и ширум светот.

Фајзењр и БиоНТек ќе бараат одобрение за доза од 30 микрограми, за деца од 12 години и постари.

Досега, вакцината беше одобрена од американската Агенција за храна и лекови (ФДА), но само за итна употреба на возраст од 12 до 15 години, додека целосна дозвола беше дадена за лица на возраст од 16 и повеќе години.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска