Министерот за надворешни работи Бујар Османи пристигна во болницата „Пирогов“, каде се сместени повредените во тешката сообраќајка со граѓани од РСМ на автопатот Струма, пренесуваат бугарските медиуми.
Тој пред новинарите изјави дека автобусот сообраќал од Истанбул за Скопје. Според непотврдени информации загинале 10 деца.
Османи рече дека туристичката агенција е од Скопје и дека повеќето граѓани се верува дека се од Скопје.
Османи рече дека викендот во Македонија бил продолжен, поради Денот на албанската азбука и луѓето ги искористиле деновите за патување.