Директор на бугарската полиција: Загинаа 12 деца, меѓу кои и двајца близнаци

Од:

Во автобусот со македонска регистрација, според првичните информации, патувале 52 патници и возачот, изјави за БТВ директорот на Националната полиција на Бугарија Станимир Станев.

Стаев додаде дека македонскиот автобус синоќа во 21 часот влегол во Бугарија од граничниот премин „Капитан Андреево“. Тој патувал преку автопатот „Тракија“, а потоа преку автопатот „Струма“ до границата со Северна Македонија во правец на граничниот премин Ѓуешево, од каде морал да ја напушти Бугарија. Според Стаев, се уште се работи на утврдување на причините за пожарот во автобусот.

Тој потврди дека загинале 45 македонски државјани, а 7 преживеале. Трагично е, додаде Стаев, што меѓу загинатите има и деца, дури и двајца близнаци близнаци. Преживеале две жени и двајца мажи кои се пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија.

Засега ништо не може да се каже за причините, немало друг учесник во несреќата, а заштитните огради го чувале автобусот да не испадне од делницата. Случајот го истражува Националната истражна служба поради големиот број жртви. Утврден е идентитетот на сите патници кои поминале гранична контрола при влез во Бугарија.

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021